ЈП Лајка – Скопје од 2021 година до денес активно и отворено соработува со граѓаните и здруженијата за заштита на животните, препознавајќи го нивниот ангажман во решавањето на проблемот со бездомната популација на животните, како и заложбите за унапредување на благосотојбата на животните во земјава. Назначеното раководство на ЈП Лајка – Скопје делува во насока на одговорно и професионално работење во однос на реализација на јавните средства, зголемувајќи ги перформансите и капацитетите на работа преку добра организација на работата и на човечките ресурси, ставајќи акцент пред сѐ на хуманиот третман на животните.
Нашите основни цели се да го намалиме и контролираме бројот на бездомни кучиња преку кастрација и стерилизација на репродуктивно способните единки, да иницираме и поттикнуваме вдомување на бездомните кучиња и да работиме на зголемување на јавната свест за тоа што подразбира одговорно сопствеништво на миленик – куче.







