Приказни со среќен крај





Со огромна радост споделуваме дека нашето мало крзнено пријателче го најде својот дом! Ова преслатко кученце, кое до неодамна бараше љубов и топлина, сега има фамилија што ќе ја сака и гушка засекогаш!

По долгото чекање во прифатилиштето, нежната и весела Ања конечно најде семејство кое ќе ѝ ја подари целата љубов што ја заслужува. Овие моменти ни потврдуваат дека секое куче, без разлика на неговата приказна, може да стане најверен пријател и дел од нечие семејство!

Поради неочекувани животни околности, неговите претходни сопственици не беа во можност повеќе да се грижат за него. Но, благодарение на овие добри луѓе со големо срце, тој сега има нова, топла прегратка и сигурност!

Работната недела ја завршуваме со вдомувањето на малиот Тоби. Уште едно прекрасно куче од прифатилиштето на ЈП Лајка си најде свое семејство
Настани

Чајанка во Лајка
Оваа Божиќна сезона, Јавното претпријатие Лајка во Скопје стана центар на единство, емпатија и среќа!

Вдоми Љубов Фест
Настанот е организиран со цел да ја подигнеме свесноста за вдомувањето на бездомни животни и да промовираме одговорно сопствеништво на миленици!

Обој Ја Лајка!
ЈП Лајка е отворена за секој хуман граѓанин кој сака да биде општествено одговорен и да волонтира во нашето прифатилиште.
