Љубовта се вдомува!
Спасуваш живот!
Со вдомување му даваш втора шанса на куче без дом.
1
Даваш пример!
Со твојот избор покажуваш хуманост и инспирираш други луѓе.
2
Уникатен карактер!
Во засолништата има кучиња од разни раси и мешавини.
3

4
Чувство на исполнетост!
Вдомувањето носи големо лично задоволство и гордост.
5
Придонес за иднината!
Со вдомување се намалува прекумерната репродукција на кучиња.
6
Поддршка на локалните засолништа!
Со вдомување ја поттикнуваш работата на организациите како нашата.

ЗАЛОВУВАЊЕ
Заловувањето на бездомни кучиња се врши од страна на квалификувани лица на начин кој нема да предизвика болка или страдање кај животното. ЈП Лајка – Скопје врши заловување на бездомни кучиња плански и по пријава од граѓани.
Откако ќе се залови, кучето прво се прегледува од страна на доктор по ветеринарна медицина, се вршат законски пропишаните испитувања и тестирања, по што, доколку се констатира дека кучето е здраво, се врши стерилизација односно кастрација и вакцинација против беснило.
Сите заловени кучиња се микрочипираат и видливо се обележуваат со ушна маркица. Кучињата кои го поминале хуманиот третман се објавуваат за вдомување, а доколку не се вдомат, се враќаат на локацијата од каде што се заловени.

