🪮Нега на крзно – важен дел од здравјето на вашето куче
Крзното на кучето не е само естетика – тоа има улога да ја штити кожата, да ја регулира температурата и да обезбеди комфорт. Правилната нега на крзното е еден од најважните аспекти на одговорнотост на сопстевникот.
1. Нега според типот на крзно
Кратко крзно
Кучињата со кратко крзно се полесни за одржување, но тоа не значи дека не им треба редовна нега. Четкајте ги 1–2 пати неделно за да ги отстраните мртвите влакна и нечистотиите. Ова помага и во намалување на количеството влакна во домот.
Долго крзно
Кучињата со долго крзно бараат почеста грижа. Редовното четкање – најмалку 3-4 пати неделно, а кај некои раси дури и секојдневно – ќе спречи појава на заплеткување, кое во многу случаи може да биде болно за кучето и да предизвика кожни проблеми.
2. Бањање
Бањањето треба да се врши по потреба, во зависност од активноста на кучето, но најчесто на секои 3 недели. Потребно е да се користат шампони специјално наменети за кучиња, бидејќи шампоните за луѓе можат да ја исушат и иритираат нивната кожа. По бањањето, крзното и ушите потребно е добро да се исушат за да се избегне појава на бактериски или габични инфекции.
3. Проверка на кожата и паразити
Редовно прегледувајте ја кожата на вашето куче додека го четкате – особено ушите, шепите, опашката и стомакот. Брзота детекција на крлежи, болви или други паразити може да спречи сериозни проблеми.
Здравото крзно значи среќно куче! Редовната нега е мал чекор за вас, но голема разлика за здравјето и среќата на вашето крзнено пријателче.
