🦴 Исхрана

Дали некогаш сте се запрашале колку исхраната влијае врз здравјето и расположението на вашето куче? Исхраната е основа за здравјето и среќата на вашето милениче. Кога храната е добро избалансирана, вашето куче ќе има доволно енергија, правилно ќе расте и ќе го зајакнува неговиот имунолошки систем.​

1. Квалитетна исхрана

Хранете го вашето куче во редовни интервали, обично 1-2 пати на ден, во зависност од возраста. Избегнувајте постојано оставање храна во садот – редовниот распоред помага за подобро варење и контролирање на тежината. Избирајте храна која е прилагодена на возраста, големината и активноста на вашето куче.

– Новороденчиња – имаат поголема потреба од протеини и калории бидејќи се во период на раст и развој. После 40 ден од раѓањето се почнува со гранули и полека се откажува од мајчино млеко.

Возрасни кучиња – на нив е потребна избалансирана храна која ја одржува нивната тежина и енергија.

 Постари кучиња – најдобро реагираат на храна со помалку маснотии, но со доволно витамини и минерали за зглобовите и коските.

 

2. Вода и здрави награди

Секогаш обезбедете свежа и чиста вода бидејќи хидратацијата е исто толку важна колку и самата храна – особено во топлите месеци или после физичка активност. Наградите и грицките се одличен начин за тренирање, но не треба да се даваат повеќе од 10% од дневниот внес на калории. Избирајте здрави опции и избегнувајте слатки или солени производи од човечката исхрана.

Митови и вистина

🚫1.Мит: Кучињата смеат да пијат млеко.
🚫2.Мит: Кучињата треба да јадат коски од пилешко за заби.
🚫3.Мит: Ако кучето мафта со опашка – значи е среќно.
🚫4.Мит: Ако кучето јаде трева, значи дека е болно.
🚫5.Мит: Сите кучиња знаат да пливаат.
🚫6.Mит: Кучињата знаат да се контролираат и не јадат премногу.​

✔️1.Вистина: Повеќето кучиња имаат интолеранција на лактоза.
✔️2.Вистина: Сварени коски можат да се скршат и да направат повреда.
✔️3.Вистина: Мафтањето со опашка може да значи и вознемиреност или нервоза.
✔️4.Вистина: Kучињата ја јадат тревата за да си помогнат при варење или едноставно затоа што им е вкусна.
✔️5.Вистина: Некои раси не се добри пливачи.
✔️6.Вистина: Многу кучиња јадат и кога се сити.​