🐕‍🦺Дресура и обука – среќно куче, среќен сопственик

Дресурата не е само учење на команди – тоа е комуникација, доверба и зајакнување на врската меѓу вас и вашето куче. Добро дресираното куче е посреќно, побезбедно и посоцијализирано, а и на вас ви е полесно да се грижите за него во секојдневниот живот.

Основните команди како „седни“, „чекај“, „дојди“, „место“ и „не“ се темел на добра дисциплина и безбедност – особено кога сте на улица или во парк. Најважно е дресурата да се прави со позитивна мотивација: награди, пофалби и трпение.

Почнете со кратки, забавни сесии од 5-10 минути неколку пати дневно. Постојаноста и смирениот тон се клучни – кучето учи најдобро кога се чувствува безбедно и охрабрено.

Дресурата може да биде и игра – користете топчиња, омилени играчки или ситни грицки за награда. Со време, кучето ќе ги извршува командите дури и без награда, бидејќи ќе научи дека така ве прави среќни.

Основни команди и како да ги научите

  • 1.Седи

  • Чекор 1: Држете награда блиску до носот на кучето.

  • Чекор 2: Полека поместете ја наградата нагоре. Главата на кучето ќе ја следи храната, а задникот природно ќе оди надолу.

  • Чекор 3: Кога ќе седне, веднаш кажете „Седи!“ и наградете го.

  • Совет: Вежбајте по неколку минути, повеќе пати во денот, додека командата не стане навика.

 

  • 2. Легни

    Чекор 1: Почнете од позиција „Седи“

  • Чекор 2: Држете treat пред носот, потоа полека спуштете го кон земја.

  • Чекор 3: Кога кучето ќе го спушти телото во лежечка позиција, кажете „Легни!“ и наградете го.

  • Совет: Ако не сака да легне, обидете се со treat што многу го сака и бидете трпеливи.

  • 3. Чекај

    Чекор 1: Кажете „Седи“.

  • Чекор 2: Ставете ја раката напред (како стоп сигнал) и кажете „Чекај“.

  • Чекор 3: Направете чекор назад. Ако кучето остане на место, пофалете го и наградете го.

  • Совет: Почнете со неколку секунди чекање, па постепено зголемувајте го времето и растојанието.

4. Дај шепа

Чекор 1: Кажете „Седи“ за да почнете од позиција за седење.

Чекор 2: Подигнете ја раката напред како сигнал за стоп и со мирен, јасен тон кажете „Чекај“.

Чекор 3: Направете еден чекор назад. Ако кучето остане на место, веднаш пофалете го и наградете го со treat.

Чекор 4: Почнете со кратко време на чекање (неколку секунди) и постепено зголемувајте го времето и растојанието додека кучето не научи да остане смирено.

Совет: Вежбајте во мирна околина, без многу дистракции. Позитивната мотивација е клучна – секогаш пофалете го кога успешно ја извршува командата.