ПОКАНА ЗА ВОЛОНТЕРСКИ ДЕН 🐾🌟

Драги хумани луѓе,

Со огромна радост Ве покануваме да ни се придружите во рамките на проектот
„Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство”,
под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

  • 📅 Датум: 26.10.2024
    ⏰ Време: 10:00ч.
    📍 Локација: Прифатилиште ЈП Лајка, Скопје

✨ Што заедно ќе направиме?

  • Ќе ги уредиме и разубавиме живеалиштата на нашите кучиња 🐶

  • Ќе молерисаме, боиме и обновуваме делови од прифатилиштето 🎨

  • Ќе внесеме нова енергија и боја со уметнички цртежи 🎭

  • Ќе подариме љубов и внимание на нашите миленички 🐾

Со секој Ваш придонес, ја правиме Лајка подобро место за нашите четириноги пријатели, а воедно и за сите што ќе нè посетат и ќе посакаат да вдомат куче.

💌 Отворени сме за сите хумани граѓани, организации и компании кои сакаат да бидат дел од оваа волонтерска акција.

Ве очекуваме да го направиме светот на кучињата пошарен – заедно! ❤️