ПОКАНА ЗА ДРУЖБА СО ЛАЈКА 🐾🌟
Драги пријатели,
Со голема радост Ве покануваме, заедно со вашите крзнени членови на семејството, на настан исполнет со дружба, натпревари и многу награди! 😊
- 📅 Датум: 31.05.2025
⏰ Време: 11:00 часот
📍 Локација: Градски Парк – Скопје 🌳
✨ Што Ве очекува?
Предвидени се два натпревари на кои кучињата ќе бидат најголемите ѕвезди, како и специјална ревија на кучињата од Лајка кои се во потрага по својот дом.
Настанот е организиран со цел:
❗ Да ја подигнеме свесноста за вдомување на бездомни животни
❗ Да промовираме одговорно сопствеништво на миленици
Да потсетиме дека 👉 ниедно куче не е на улица по сопствен избор!
🐾 Распоред на активности:
🔹 11:00 – 11:40 → Почеток и топло добредојде
🔹 11:40 – 12:10 → Ревија на кучињата од Лајка
🔹 12:10 – 12:50 → Игра 1: Покажи што знаеш
🔹 12:50 – 13:20 → Игра 2: Најди ја наградата
💌 Ве очекуваме на ден исполнет со радост, заедничка дружба и прекрасни награди! ❤️
