🦴 Исхрана
Дали некогаш сте се запрашале колку исхраната влијае врз здравјето и расположението на вашето куче? Исхраната е основа за здравјето и среќата на вашето милениче. Кога храната е добро избалансирана, вашето куче ќе има доволно енергија, правилно ќе расте и ќе го зајакнува неговиот имунолошки систем.
1. Квалитетна исхрана
Хранете го вашето куче во редовни интервали, обично 1-2 пати на ден, во зависност од возраста. Избегнувајте постојано оставање храна во садот – редовниот распоред помага за подобро варење и контролирање на тежината. Избирајте храна која е прилагодена на возраста, големината и активноста на вашето куче.
– Новороденчиња – имаат поголема потреба од протеини и калории бидејќи се во период на раст и развој. После 40 ден од раѓањето се почнува со гранули и полека се откажува од мајчино млеко.
– Возрасни кучиња – на нив е потребна избалансирана храна која ја одржува нивната тежина и енергија.
Постари кучиња – најдобро реагираат на храна со помалку маснотии, но со доволно витамини и минерали за зглобовите и коските.
2. Вода и здрави награди
Секогаш обезбедете свежа и чиста вода бидејќи хидратацијата е исто толку важна колку и самата храна – особено во топлите месеци или после физичка активност. Наградите и грицките се одличен начин за тренирање, но не треба да се даваат повеќе од 10% од дневниот внес на калории. Избирајте здрави опции и избегнувајте слатки или солени производи од човечката исхрана.
Митови и вистина
1.Мит: Кучињата смеат да пијат млеко.
2.Мит: Кучињата треба да јадат коски од пилешко за заби.
3.Мит: Ако кучето мафта со опашка – значи е среќно.
4.Мит: Ако кучето јаде трева, значи дека е болно.
5.Мит: Сите кучиња знаат да пливаат.
6.Mит: Кучињата знаат да се контролираат и не јадат премногу.
1.Вистина: Повеќето кучиња имаат интолеранција на лактоза.
2.Вистина: Сварени коски можат да се скршат и да направат повреда.
3.Вистина: Мафтањето со опашка може да значи и вознемиреност или нервоза.
4.Вистина: Kучињата ја јадат тревата за да си помогнат при варење или едноставно затоа што им е вкусна.
5.Вистина: Некои раси не се добри пливачи.
6.Вистина: Многу кучиња јадат и кога се сити.
