🌞Лето и топло време

Летото е период кога високите температури, интензивното сонце и влагата можат да претставуваат сериозни предизвици за кучињата. Топлината не само што може да предизвика топлотен стрес, туку и дехидратација, проблеми со кожата и чувствителни шепи. Правилната нега во овој период е клучна за здравјето и среќата на вашето милениче.​

Најважната работа во топлите денови е да се обезбеди секогаш достапна свежа и чиста вода. Кучињата губат течност преку лаење и движење, па од тие причини, постојано треба да им се овозможи свежа и ладна вода. Можете да ставите повеќе садови со вода на различни места во дворот или домот.

Кучињата треба да имаат место каде ќе можат да се одморат од директната сончева светлина. Сенка од дрво, клима или куќичка во дворот ќе помогнат да се намали ризикот од топлотен удар и ќе помогнат вашето куче да се чувствува поудобно.

Избегнувајте прошетки во најтоплите делови од денот, обично помеѓу 11:00 и 17:00 часот. Најдобро е да шетате рано наутро или доцна попладне, кога температурата е пониска. Исто така, проверете ја температурата на асфалтот со рака – ако е премногу топол за вас, топло е и за шепите на вашето куче.

Летните услови го зголемуваат ризикот од појава на паразити, особено крлежи и комарци. Следете го внимателно однесувањето на вашето куче – знаци како летаргичност, претерано лачење на плунка или забрзано дишење може да укажуваат на присуство на крлеж. По секое шетање, редовно прегледувајте го вашето милениче и особено проверувајте ги местата кои се најмногу изложени – ушите, шепите и нозете.

Со овие едноставни, но значајни мерки, вашиот миленик може да ужива во летото безбедно, здраво и среќно. Правилната нега во топлите денови е битен фактор за неговото здравје и енергија.​